Управниот одбор на НБА лигата соопшти дека одобрил американскиот милијардер Мет Ишбија да стане мнозински сопственик на Феникс Санс од НБА лигата и Феникс Меркјури од ВНБА лигата.
Во соопштението се додава дека преземањето на клубот ќе биде завршено до крајот на оваа недела. На гасањето било 29-0, бидејќи претставникот на Кливленд бил воздржан.
Мет Ишбија е сопственик, претседател и извршен директор на „United Wholesale Mortgage“, со седиште во Мичиген.
Ишбија се смета себеси за најголем хипотекарен заемодавач во земјата, а магазинот Форбс го процени неговото богатство на 5,1 милијарди долари.
На 20. декември минатата година тој се согласи да ги купи двата клуба за четири милијарди долари.
Роберт Сервер го продаде Феникс по едногодишната суспензија што ја доби минатиот септември поради расни навреди и мобинг на работното место. Тој е казнет и со 10 милиони долари.
Купувањето на Феникс е нов рекорд на НБА, бидејќи претходно најмногу пари пред неколку години даде Џо Ца, кој за Бруклин Нетс плати 2,35 милијарди долари.
Сервер ги купи Феникс Санс во 2004 година за 401 милион долари.