Top Sport

Историски кош со звукот на сирената за пласман во финалето на НЦАА лигата

НБА во понеделник навечер ќе запре за момент бидејќи вниманието на американската кошаркарска јавност ќе биде насочено кон Хјустон, каде се одржува фајналфор на НЦАА лигата каде за трофејот ќе се борат екипите на Универзитетот во Конектикат и Сан Диего Стејт.

Додека Конектикат го совлада Мајами со 72:59 со рутинска, врвна одбрана, вториот натпревар го реши драматичен кош во последната секунда. Ламонт Батлер погоди за 72:71 против Флорида Атлантик. Сан Диего се врати од негатива од 14 поени во второто полувреме и успеа да направи историски подвиг со првиот пласман во завршницата на лигата.

Ова беше првиот „бузер-битер“ во историјата на фајналфорот на НЦАА лигата.

Конектикат, шести пат се пласираше меѓу најдобрите четири тима, а по петти пат е во финалето. Има титули од 1999, 2004, 2011 и 2014 година. Финалето ќе се одигра ноќта понеделник кон вторник.

Scroll to Top