Top Sport

Италија подобра од Порторико, Австралијците моќно против Грузија

Кошаркарската репрезентација на Италија продолжува со добри игри на Мундобаскет. По триумфот над Србија, „аѕурите“ славеа и против Порторико со 73:57.

Уште на стартот, Италијанците наметаа свое темпо и првата четвртина ја добија со 25:15, но Порториканците на полувреме заминаа со само три поени негатива (39:36). Сепак, Италија го одлучи мечот во последниот период и на крајот стигна до убедлив триумф. Џампаоло Ричи и Стефано Тонут постигнаа по 15 поени за селекцијата на „аѕурите“.

Австралија покажа моќ против Грузија и славеше со 100:84. Пети Милс со 19 поени и Данте Егзум со 18 поени беа најефикасни кај Австралинците.

Scroll to Top