Top Sport

Итудис ќе биде селектор на Грција

Досегашниот тренер на ЦСКА Москва, Димитрис Итудис, доби дозвола од клубот да ја преземе грчката репрезентација. Двете страни потврдија дека е постигнат договор.

„Димитрис Итудис ќе дебитира како селектор на Грција на ЕП 2022 од 1 до 18 септември. Во групата Ц ќе се натпреваруваат со Велика Британија, Украина, Италија, Хрватска и Естонија. Натпреварите од групната фаза ќе се играат во Милано“, соопштија од ЦСКА Москва.

Рускиот клуб нема да се натпреварува до крајот на Евролигата оваа сезона, официјалната одлука за суспензија на руските клубови поради конфликтот во Украина се очекува в понеделник.

„Би сакал да му се заблагодарам на претседателот Ватутин, и на ЦСКА Москва во целина, што ми дадоа зелено светло и ми дозволија да бидам селектор на репрезентацијата на мојата земја. Тоа е исклучително важно за мене. Исто така, би сакал да му се заблагодарам на г-дин Лиолиос и на другите луѓе во федерацијата што покажаа интерес за мене. Знам што се очекува од мене. Грците се горд народ, ја сакаат кошарката, таа им носи радост. Знам и кои се нашите обврски. Сакам моите играчи да останат здрави и да работат напорно“, изјави Димитрис Итудис.

Scroll to Top