Top Sport

Итудис поднесе оставка

Селекторот на грчката кошаркарска репрезентација Димитрис Итудис поднесе оставка една година пред истекот на договорот.

На неодамнешниот Мундобаскет, Грците не стигнаа ниту до четвртфиналето, што беше речиси невозможно, бидејќи Итудис во составот ги немаше Јанис Адетокумбо и Костас Слукас.

Поголем неуспех, за Итудис беше Евробаскетот од претходното лето, кога Грција заврши на петтото место по поразот од Германија во четвртфиналето.

Сепак, како што се наведува, главна причина за разделбата е преклопувањето на распоредот на претквалификацискиот олимписки турнир со натпреварите од Евролигата.

Итудис, двократен европски првак со ЦСКА, моментално е тренер на Фенербахче.

Scroll to Top