Top Sport

Итудис во ЦСКА до 2023 година

Димитрис Итудис, странецот со најмногу победи во историката на кошаркарскиот клуб ЦСКА, го продолжи договорот великанот од Москва. Гркот ќе остане на клупата на ЦСКА до јуни 2023 година.

Итудис е тренер на ЦСКА од 2014 година. Со клубот освои пет титули во ВТБ лигата и две во Евролигата. Во тековната сезона ќе се обиде трет пат во кариерата да стане европски првак со ЦСКА.

Рускиот тим, во полу-финалето на завршниот турнир ќе игра против Анадолу Ефес на 28.мај во Келн.

Кариерата, Итудис, ја започна во младинските категории на КК Загреб, долги години работеше како прв асистент на Жељко Обрадовиќ во Панатинаикос, а птооа се преслеи во Москва.

Scroll to Top