Top Sport

Избрана е најдобрата петорка во кошаркарскиот Еврокуп

Избрана е најдобрата петорка во кошаркарскиот Еврокуп за оваа сезона.

Две места во првата петорка им припаѓаат на кошаркарите на Алба Берлин, другиот финалист во Еврокупот, Валенсија дава еден играч меѓу петте најдобри, а преостанатите две позиции ги пополнија играчи од Андора и од Уникс Казан.

Ендру Албиси (Андора), Ерик Мекалум (Уникс), Рокас Гиедраитис (Алба), Лук Сикма (Алба) и Бојан Дубљевиќ (Валенсија) се најдобрите сезонава.

За најдобар тренер сезонава е прогласен Аито Гарсија Ренес, тренерот на Алба Берлин, а „ѕвезда во подем“ сезонава е Мартинас Еходас од Литвос Ритас.

Scroll to Top