Top Sport

Вардар за историја, третпат во низа го подигна пехарот во СЕХА – лигата

Во седмото финале што скопски Вардар го играше во СЕХА лигата, по петти пат се закити со трофејот од регионалното натпреварување. Освоена е третата последователна титула за „црвено-црните“ откако предмалку со 26-23 го совладаа ППД Загреб.

Вардарци одиграа добар натпревар кој сепак беше одбележан од еден страшен пад и повреда на бекот Кристијан Дисингер, во последните моменти од првото полувреме.

Првите 30 минути од мечот ги доби Вардар со 14-12. За одбележување во првото полувреме е и црвениот картон за Рожерио Мораеш по еден удар на противничкиот играч.

Zagreb – Vardar. Final Four – SEHA – Gazprom league, Brest,03.04.2019, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiffimages

Во вториот дел Вардар пред се преку брзите контри на Дибиров, одличниот шут на Криштопанс и деветте одбрани на Милосављев стигна до рутинирани 24-20 на неколку минути до крајот. Брзоногиот Стаж Скубе погодуваше кога најмногу беше потребно.

Вардарци се опуштија во последните 5 минути, па Загреб се доближи на само 1 гол негатива (23-24). Тоа беше се што загрепчани успеаја да направат до крајот. Конечниот резултат беше 23-26 за Вардар и трета титула во низа.

Во Вардар најпрецизни:
Кристопанс – 7
Дибиров – 5
Скубе – 5
Стоилов – 3
Шишкарев – 2

Во Загреб најпрецизни:
Мраковчиќ – 4
Влах – 3
Хорват – 3
Божиќ Павлетиќ – 3
Мандиќ – 2

Scroll to Top