Top Sport

Клоп во одбрана на Салах: За две сезони 60 гола, не е лошо!

Египетскиот голгетер член на Ливерпул, Мохамед Салах во Премиерлигата нема постигнато погодок на 8 меча во низа, но неговиот тренер, Јирген Клоп вели дека „неговиот пост“ не го загрижува.

Германецот објаснува дека Салах со минатосезонскиот учинок (44 гола во сите натпреварувања) постави тешко достижни стандарди.

„Минатата сезон даде 40, ги собра сите индивидуални награди и дојде на подготовки иако не беше 100% фит по повредата на рамото. И сезонава даде 20 гола, што ќе каже 60 за две сезони. Па тоа не е лошо“ – во свој стил прокоментира Клоп.

Менаџерот на Ливерпул вели дека Салах брзо се адаптираше на честите додавања, па и понатаму претставува константна закана за противничкиот гол што многу придонесува во тимската игра.

„Што се однесува до голгетерскиот учинок, тој ќе се врати по старо. Одговорот на проблемите во фудбалот е секогаш работа, работа. Колку пати можеш, колку побрзо можеш“ – смета Клоп.

Ливерпул на 6 кола пред крајот на сезоната има 79 бода на првото место, но Сити има 77 и меч помалку, оној со Кардиф во Манчестер.

Scroll to Top