Top Sport

Избрани најдобрите дефанзивни петорки во НБА лигата

НБА лигата на своите профили на социјалните мрежи објави дека се избрани членовите на најдобрите две дефанзивни петорки во лигата за оваа сезона.

Првата дефанзивна петорка ја предводат играчите на Милвоки Бакс Јанис Адетокумбо и Ерик Бледсо, а покрај нив тука се уште и Маркус Смарт од Бостон Слетикс, Пол Џорџ од Оклахома сити Тандер и Руди Гобер од Јута Џез.

Во втората петорка се Џру Холидеј (Њу Орлеанс Пеликанс), Клеј Томпсон (Голден стејт Вориорс), Каваи Ленард (Торонто Репторс), Дрејмонд Грин (Голден стејт Вориорс) и Џоел Ембид (Филаделфија Севентисиксерс).
Гласањето за најдобрите дефанзивци во лигата го спроведуваат 123 спортски новинари.

Најдобрите дефанзивни петорки се бираат од сезоната 1968/1969, а најмногу пати во првата или втората петорка е биран Тим Данкан. Легендата на Сан Антонио Спарс 15 бил дел од првата или втората дефанзивна петорка, со 12 избори зад него се Кевин Гарнет и Коби Брајант.

Scroll to Top