Top Sport

Работнички го „доби“ МЗТ, но „металците“ го почнуваат плејофот како први

Работнички со 88:84 го победи МЗТ Скопје Аеродром во 148. издание на вечното дерби во последното коло на Суперлигата, но „металците“ остануваат први носители во плејофот кој следува.

МЗТ ќе игра со Гостивар, додека Работнички со Блокотехна во борбата за титулата во Македонија во дуели подобар од пет (во три добиени), по што следува големото финале. Плејофот започнува в недела.

МЗТ со 8 победи и 2 порази е на првото место со 55 поени, шампионот Работнички има 54, Блокотехна е трета со 52 поени, пред Гостивар со 51, додека Кожув и Куманово не успеаја да изборат плејоф.

Во плејаут лигата, Фени Индустри, Пелистер и Вардар остануваат во елитата и следната сезона, додека Шкупи испаѓа во втората лига (без ниту една победа), а АВ Охрид ќе игра со поразениот во финалето од плејофот во Втората лига во бараж за опстанок.

Фото: КК МЗТ Скопје Аеродром

Scroll to Top