Top Sport

Јанг ги растури Булси, блескаа Јанис и Ембид

По паузата поради Ол стар викендот, изминатата ноќ, продолжија возбудувањата во НБА лигата. Ноќта ја обележаа индивидуалните партии на Џоел Ембид, Јанис Адетокумбо и Тре Јанг.

Филалдлелфија по дополнителните пет минути забележа победа над Бруклин Нетс 112:104. Интересно, продолжението заврши со резултат 9:1 за Филалдлефија. Џоел Ембид го обележа натпреварот со 39 поени и 16 скокови.

Атланта Хокс славеа против Мајами Хит 129:124. Уште еден неверојатен меч одигра бекот на Хокс, Јанг, кој постигна 50 поени.

Јанис Адетокумбо со 33 поени и 16 скока во победата на Милвоки Накс над Детроит Пистонс 126:106.

Хјустон убедливо ги поразија Голден Стејт со 135:105. Џејмс Харден постигна 29, а Расел Вестбрук 21 поен, двајцата имаа по десет асистенции.

Шарлот Хорнетс славеа во Чикаго 103:93, а Сакраменто Кингс ги победија Мемфис Гризлис со 129:125. Во победата се истакнаа Херисон барнс со 32, Деарон Фокс со 25 и Бади Хилд со 20 поени.

Scroll to Top