Најдобриот играч на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, го смени техничкиот спонзор. Јокиќ ја напушти компанијата „Nike“ за да потпише договор со кинеската компанија „361 Degrees“.
Детали од договорот не се објавени, се знае само дека Јокиќ ќе стане заштитно лице и глобален амбасадор на кинеската компанијата.
Јокиќ веќе го одигра првиот меч во новите патики, во победата над Торонто 113:104 постигна 31 поен, со 15 скока и шест асистенции.
Инаку, неговиот соиграч и добар пријател Арон Гордон веќе некое време ги носи патиките на кинескиот бренд.
OFFICIAL: Reigning Finals MVP Nikola Jokic has signed a multi-year signature shoe deal with 361. 📄✍️
The Joker will become a leading global face of the Chinese brand. pic.twitter.com/bCWHwoxZ97
— Nick DePaula (@NickDePaula) December 21, 2023
„361 Degrees“ е најголемиот спортски бренд во Кина основан пред 20 години во Ксиамен.
Има речиси 6.000 продавници во Кина и речиси 8.000 овластени продавници ширум светот.
Компанијата остварила вкупен приход од речиси 800 милиони американски долари во 2022 година.
Слоганот на брендот е „Една љубов“.