Top Sport

Јокиќ: Петтиот натпревар ќе биде најтежок во нашите животи

Денвер Нагетс ја вратија предноста на домашниот терен, во серијата со Минесота, откако го добија и вториот натпревар во Минеаполис.

Петтиот меч се игра во Денвер, во среда од 4:40 часот по македонско време.

Актуелниот МВП, Никола Јокиќ блескаше во четвртиот натпревар со 35 поени и по седум скока и асистенции. Голема помош, Јокиќ доби од Арон Гордон, кој мечот го заврши со 27 поени.

На прашањето дали моментумот сега е на страната на Нагетс, Јокиќ одговари:

„Да и не, знаеме дека сè уште ништо не сме направиле. Знаеме дека петтиот натпревар ќе биде најтешкиот натпревар во нашите животи, па ќе се подготвиме соодветно. Уште пред да започне серијата мислев дека ќе биде интересна серија. Во првите два натпревари не натераа да играме брзо, не ја игравме нашата игра, а сега си го вративме ритамот“.

Scroll to Top