Top Sport

Јокиќ броеше до 47 – Денвер ја растури Јута

Никола Јокиќ го израмни рекордот на кариерата во победата на Денвер Нагетс над Јута Џез 128:117. Нагетс, во првото полувреме, ја декласираа Јута, постигнаа 78 поени (15 тројки) и ја прекинаа серијата на Јута од 11 победи. Одличен меч за Јута одигра Бојан Богдановиќ.

Јокиќ, против Јута постави два лични рекорди, постигна 22 поени во првата четвртина, а полувремето го заврши со 33 поени, на крајот имаше 47 поени, 12 скокови, пет асистенции и две украдени топки.

На спротивната страна хрватскиот репрезентативец Богдановиќ постигна 29 поени.

Инаку конечниот резултат не ја отсликува најдобро доминацијата на Нагетс на овој натпревар. На почетокот на третиот период Денвер имаа предност од 27 поени (88:61).

Инаку, двата тима на овој меч вкупно постигнаа 39 поени (Денвер 19, Јута 20).

Scroll to Top