Top Sport

Јокиќ Додека победуваме сѐ чувствувам добро

Никола Јокиќ, актуелниот МВП во НБА лигата, со уште една одлична партија, го предводеше Денвер до победата над Детроит 117:111.

Јокиќ натпреварот го заврши со 34 поени, девет скока, осум асистенции, две украдени топки и една блокада.

„Се чувствувам добро, особено во последно време. Шутот ми оди добро, поагресивен сум на теренот. Тоа е така дека победуваме“, рекол Јокиќ.

Српскиот центар и оваа сезона е еден од главните кандидат за МВП наградата. Сезонава има одиграно 11 натпревари со трипл-дабл учинок.

Scroll to Top