Top Sport

Хулигани упаднале на тренингот на Херта: Последно предупредување, знаеме каде живеете

Фудбалерите на Херта лошо ја започнаа 2022 година, забележаа три порази и еднаш ремизираа во четирите одиграни напревари. Интересно поразите клубот од Берлин го доживеа на домашен терен. Последниот порази беше и очекуван, бидејќи дојде од фаворитот Баерн Минхен.

Германските медиуми, објавија дека, пред дуелот со Баерн, во саботата на тренингот, фудбалерите на Херта се соочиле со хулиганите на овој клуб.

Група од 80 хулигани, успеале да влезат на тренингот, кој бил затворен за јавноста. Клубот потврдил дека навивачите упаднале на тренингот.

Хулиганите испратиле кратка и јасна порака. „Ова е последно предупредување, знаеме каде живеете“.

Наводно со оваа порака, хулиганите сакале да ги мотивираат фудбалерите пред дуелот со Баерн.

 

Scroll to Top