Top Sport

Јокиќ и Дончиќ во „Тимот Леброн“

Капитените Леброн Џејмс и Кевин Дурент ги избраа соиграчите за Ол стар натпреварот во Кливленд.

Леброн избра спектакуларна петорка, во која покрај него се Стеф Кари, Јанис Адетокумбо, Никола Јокиќ и Демар Дерозан.

Кевин Дурент во својот тим ги има Џоел Ембид, Џа Морент, Ендрју Вигинс и Тре Јанг. Дурент поради повреда ќе го пропушти Ол стар викендот. На неговото место стартер ќе биде Џејсон Тејтум.

И резервите на Леброн делуваа импресивно. Ол стар мечот од клупата ќе го започнат Џејмс Харден, Лука Дончиќ, Џими Батлер, Крис Пол, Донован Мичел, Фред Ванвлит и Даријус Гарланд.

Резервите на Дурент се Ламело Бол, Девин Букер, Руди Гобер, Зек Левин, Крис Мидлтон, Дежонте Мареј и Карл-Ентони Таунс.

Впечатокот е дека на овој драфт подобро бираше Леброн Џејмс и дека неговиот тим е фаворит на Ол стар натпреварот.

Scroll to Top