Top Sport

Златото во „халфпајп“ за Хирано

Јапонскиот сноубордер, Ајуму Хирано, доминираше во дисциплината „халфпајп“ и се закити со златниот медал на Зимската олимпијада во Пекинг.

Хирано го искористи лошиот старт на Австралецот Скоти Џејмс, во двете возења направи тројно салто и убедливо го освои првото место. На крајот Хирано имаше 96 поени, три и пол поени повеќе од Џејмс.

Бронзата му припадна на Јан Шерер од Швајцарија.

Легендарниот Американец Шон Вајт остана без медал, натпреварот го заврши на четвртото место.

Хирано, во Пекинг го освои третиот медал на зимските олимпијади. На претходните две, во Сочи и Пјонгчанг, во оваа дисциплина, беше втор.

 

Scroll to Top