Победничката низа во подготвителните мечеви на Србија за Светското првенство во Кина продолжи, откако со 88:78 беа подобри од незгодниот Нов Зеланд, за уште еднаш да покажат зошто се најсериозни кандидати за златото на Мундијалот.
Нов Зеланд имаше водство од 9:4, но потоа во елемент влезе Никола Јокиќ и направи преврт за 25:16, за на полувреме да отидат со 43:32 предност. Србите го „скршија“ мечот во третата четвртина за да направат +18 (58:40). Никола Милутинов имаше 19 поени за Србите, пред Бобан Марјановиќ (17) и Стефан Јовиќ (13).
Во друг подготвителен меч за Мундијалот, Венецуела направи изненадување во Шузу и со 71:68 ја победија Турција. Чеди Осман повторно имаше одлична партија за Турците со 33 поени, но селекторот Уфук Сариџа ги одмори Скоти Вилбекин и Ерсан Иљасова, дозволувајќи Венецуелците да направат предност од почетокот на мечот и да ја заддржат до крај.