Актуелниот МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ беше исклучен на натпреварот против Мајами Хит, поради што ќе биде суспендиран. Јокиќ го удри и буквално го нокаутира Маркиф Морис.
Јокиќ ги шокираше сите во арената со скандалозниот потег, откако Морис бес потреба влета во него.
Инцидентот се случи на две и пол минути до крајот на натпреварот, при убедливо водство на Денвер 111:94.
„Се чувствувам многу, многу лошо. „Не требаше да така да реагирам. Го видов дека доаѓа, мислев дека ќе направи намерен фаул. Тој ме удри и си помислив дека тоа е премногу грубо. Потегот беше неспортски, морав да се заштитам. Сепак, се чувствувам лошо, не требаше да реагирам така. “, рекол Јокиќ откако ја прегледал снимката. Од Мајами тврдат дека кошаркарот се здобил со повреда на вратот.
До моментот на исклучувањето, Јокиќ блескаше на теренот со трипл-дабл од 23 поени, 15 скока и 10 асистенции.
— Follow @BiasedSlightly (@SGAorLUKAprop) November 9, 2021