Оклахома Сити Тандер направи изненадување и го совлада Денвер Нагетс со 119:107 во НБА лигата. Неочекуваниот расплет е последица на тоа што целосно потфрлија сите стартери во тимот на Денвер, со исклучок на српскиот центар Никола Јокиќ.
Јокиќ уште еднаш беше најзабележлив поединец со 22 поени (10/17 од игра), дури 16 скока и четири асистенции за 33 минути во „Бол Арената“. Сепак, преостанатите стартери (Морис, Бартон, Гордон и Грин) дадоа вкупно 27 поени и поразот беше неизбежен.
На пет минути пред крајот Оклахома Сити Тандер направи серија од 7:0 во моментот кога младиот Покушевски ја заби топката за 106:98 и немаше враќање за Денвер Нагетс.
Гостите од Солт Лејк Сити ги предводеше Шеј Гилдус-Александер со 29 поени. Кај Денвер најблиску Јокиќ беше Бонси Хиланд со 19 поени и Брајан Форбс со 18.
Денвер остана шести на Западот со скор 36-26, додека Оклахома е претпоследна со ефект (20-42).
Њу Орлеанс Пеликанс беа убедливи против Сакраменто Кингс и славеше со 125:95, а ниту Феникс Санс немаа милост против Портланд Трејлблејзерс и победија со 120:90.
Милвоки Бакс во неизвесна завршница оствари триумф (120:119) против Мајами Хит, Јута Џез по продолженија го доби мечот против Хјустон Рокетс (127:132).