Денвер нагетс ќе ја одбијат опцијата да го направат центарот Никола Јокиќ слободен агент и планираат да му ддат петгодишен договор вреден 146.5 милиони долари, објавува „Јаху спортс“.
Опцијата за 2018/19 беше вредна 2.9 милиони долари, со која Србинот би можел да биде слободен агент следната сезона.
Во својата трета НБА сезона, 23-годишниот Јокиќ имаше просек од 18.5 поени, 10.7 скокови и успешност од речиси 40 отсто од обидите за тројка за Денвер, кои победија во 46 натпревари во Западната конференција. Нагетси не успеаја да влезат во плеј-офот откако загубија од Минесота тимбервулвс во последниот меч од регуларната сезона.
Фото: ЕПА