Никола Јокиќ, српската сензација во НБА лигата, му порачал на легендарниот центар Шекил О’Нил, дека не би можел да го чува доколку би се случило да играат еден против друг.
Јокиќ во интервју за ЦБС одговарал на многу прашања, меѓу кои било и прашањето како би изгледал неговиот дуел со Шек.
„Не можеш да ме чуваш“, рекол Јокиќ и веднаш дополнил.
„Чекајте се шегував. Се сеќавам дека дека бев во Њу Орлеанс, пред натпреварот помеѓу САД и Тимот на светот тој стоеше пред мене. Како да стоеше планина пред мене. Тој човек е толку голем, тоа ми се потврди кога го запознав во живо. Гледав планина пред мене и тој е веројатно најдоминантниот кошаркар во историјата. Тој е ѕвер, но не би можел да ме чува“.
Најдобриот играч на Денвер Нагетс бил воодушевен кога новинарката му рекла дека еден од најдобрите крилни-центри во историјата на НБА, Чарлс Баркли, бил воодушевен од неговиот начин на игра.
„Тој човек е голем борец со страст кој никогаш не сакал да изгуби натпревар. Му се восхитувам. Некако е кул тоа што му се допаѓа начинот на кој играм“, заклучил Јокиќ.
Jokic says Shaq can't guard him. ? pic.twitter.com/v03znA0uci
— NBA on TNT (@NBAonTNT) October 26, 2018