Балканците, Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, повторно се тема во американската јавност. Изминатата ноќ, Јокиќ постигна 41, а Дончиќ 31 поен.
Далас Маверикс против Бостон Селтикс, имаа 11 поени предност во последните три минути, не успеаја да ги сочуваат, Селтикс го презедоа водството и во тие моменти на сцена стапи Дончиќ. Словенецот за 15 секунди постигна две тројки за конечен триумф на Далас од 110:107.
Лидерот на Маверикс натпреварот го заврши со 31 поен, 10 скока и осум асистенции.
Денвер Нагетс славеа во дуелот со Портланд 111:106.
Јокиќ натпреварот го заврши со 41 поен, по пет скока и асистенции и една украдена топка. Ова е петтиот натпревар од почетокот на сезоната на кој Јокиќ постигнува 40 или повеќе поени.