Денвер Нагетс забележаа победа над Минесота Тимбервулфс 123:116. Мечот мина во знакот на Никола Јокиќ кој влезе во историјата на НБА. Центарот на Денвер е првиот играч по Оскар Робертсон во 1963 година, кој во првите седум натпревари забележал 150 поени, 75 скока и исто толку асистенции.
Јокиќ за 36 минути на теренот имаше учинок од 35 поени, 15 скокови, шест асистенции, три украдени топки и една блокада. Во првите седум натпревари сезонава Јокиќ има трипл-дабл просек од 24,1 поени, 11, 7 скока и 11,9 асистенции.
The only players with 150-75-75 through 7 games:
Jokic in 2020-21
Oscar in 1961-62
Oscar in 1963-64 pic.twitter.com/nHRxz4dfQU— NBA.com/Stats (@nbastats) January 6, 2021
Покрај Јокиќ уште шестмина играчи на Денвер постигнаа двоцифрен број на поени: Бартон 20, Грин 17, Мареј 13, Кампацо 11, Херис 10, Милсап 10.
Минесота ја предводеше Дианџело Расел со 33 поени и 11 асистенции.