Српскиот кошаркар Никола Јокиќ со нов трипл-дабл за својот Денвер ноќеска му нанесе нов пораз на тимот на Голден Стејт со 114-104.
Јокиќ мечот го заврши со 23 поени, 14 скока и 10 асистенции.
На спротивната страна Стеф Кари постигна 35 поени и имаше 11 фатени топки, но недоволно за победа на својот тим.
Јокиќ беше следен од Вил Бартон и Џемал Мареј кои постигнаа по 17 поени за Нагетси.
Што се однесува до останатите ноќешни мечеви, Индијана како гостин славеше против Портланд 111-87.
До победа дојде и тимот на Филаделфија кој на свој терен беше подобар од Мајами со 31 поен на Шејк Милтон.
Славеше и Хјустон, без „одметнатиот“ Џејмс Харден, против Сан Антонио, а вечерта ја заокружи Торонто со триумф против
Шарлот во крајно неизвесен меч.
Ноќешни НБА резултати:
Филаделфија – Мајами 125 – 108
Сан Антонио – Хјустон 105 – 109
Торонто – Шарлот 111- 108
Денвер – Голден Стејт 114 – 104
Портланд – Индијана 87 – 111