Top Sport

Јокиќ со совршен трипл-дабл им пресуди на Феникс (Видео)

Играчот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ го предводеше својот тим до победата над Финикс Санс 119:92 со совршен „трипл-дабл“, со што си обезбеди место меѓу најголемите имиња во НБА историјата.

Јокиќ натпреварот го заврши со 35 поени, 12 скока и 11 асистенции, а импресивен е податокот дека тој ги погоди сите 11 обиди од поле.

Србинот е третиот играч во НБА историјата, по Карим Абдул-Џабар и Лери Бирд што остварил „трипл-дабл“ со најмалку 35 поени, 12 скока и 11 асистенции. Интересное е тоа што на Јокиќ му биле потребни 30 минути и 44 секунди, додека за истата статистика на Џабар му биле потребни 47 минути, а на Бирд 54 минути, во натпревар со две продолженија.

Исто така, тој е петтиот играч во историјата што забележал „трипл-дабл“, а при тоа д ги погоди сите удари од поле. На таа листа се Вилт Чембрлен, Дрејмонд Грин, Бо Аутло и Расел Вестбрук.

Scroll to Top