Top Sport

Јокиќ со трипл-дабл, Дончиќ го растури Мемфис, Јанис и Џорџ броеја до 40

Никола Јокиќ забележа уште еден трипл-дабл, во победата на Денвер Нагетс. Актуелниот МВП, на вечната листа се изедначи со Вилт Чембрлен. Јокиќ 78. пат во кариерата успеа да запише двоцифрен ефект во три статистички категории.

Денвер славеше со 122:117 над Оклахома сити Тандер. Јокиќ натпреварт го заврши со 19 пони, 16 скокови и 13 асистенции.

Покрај Јокиќ, најефикасни кај Денвер беа Мајкл Портер со 22 поени и Кентавијус Колдвел-Поуп со 21 поен.

Кај Оклахома се истакна Џилџус-Александер со 28 поени.

Далас Маверикс убедливо ги победија Мемфис Гризлис со 137:96. Лука Дончиќ го предводеше тимот со 32 поени, 7 скока и 10 асистенции.

Најефикасен покрај Дончиќ беше Вуд со 25 поени и 12 скока, додека Хардавеј и Динвиди додадоа по 16, односно 15 поени.

Покрај Балканците, изминатата ноќ се истакнаа Јанис Адетокумбо и Пол Џорџ.

Адетокумбо сам го реши слабиот Хјустон. Гркот постигна 44 поени, погоди осум слободни фрлања, со што стана најдобар стрелец во историјата на франшизата од оваа позиција. лата линија.

Пол Џорџ, 20.пат во кариерата постигна 40 или повеќе поени. ЛА Клиперс во драматична завршница славеа во Сакраменто со 111:109.

Резултати:

Филаделфија – Сан Антонио 105:114
Индијана – Детроит 124:115
Орландо – Бостон 120:126
Чикаго – Кливленд 96:128
Мајами – Торонто 112:109.

Scroll to Top