Top Sport

Јокубаитис ќе ја напушти Барселона

Рокас Јокубаитис ќе ја напушти Барселона на крајот од оваа сезона.

Репрезентативецот на Литванија најави дека ќе игра во Летната лига во Соединетите Американски Држави и ќе се обиде да избори договор со некоја НБА франшиза.

Доколку тоа не се случи, Жалгирис е првиот фаворит за неговиот потпис. Јокубаитис во пред четири години токму од Жалгирис се пресели во Барселона.

Во текот на оваа сезона во Евролигата, Јокубаитис на теренот минува 16:39 минути и за тоа време во просек бележи 5,7 поени, 1,8 скока и 3,2 асистенции.

Scroll to Top