Top Sport

Јончевски: Целиме на барем една победа од дуелите со Словачка и со Норвешка

Најдобрите македонски кошаркари заминаа за Левице, каде в четврток од 18 часот ќе го одиграат натпреварот против Словачка од петтото коло од групата Д од вториот претквалификациски круг за Евробаскетот 2025.

Селекторот Александар Јончевски е оптимист, и смета дека Македонија мора да атакува барем на една гостинска победа во наредните два натпревари.

„Имаме четири бода, но еден кикс може да нè врати долу на табелата. Можеме да очекуваме тешки натпревари, бидејќи секоја селекција има свои математики. Словачка и Норвешка имаат две победи и не се предаваат, сигурно ќе играат на победа. Освен Данска, нема откажани репрезентации, сите имаат свои планови. Имаме два-три дена да се подготвиме и да видиме како ќе настапиме. Ќе видиме дали ќе промениме нешто во тактиката, бидејќи веќе одигравме два натпревари со истите репрезентации. Очекувам позитивен исход“, изјави селекторот на македонскиот кошаркарски тим.

Јончевски гледа само кн првиот меч во овој ФИБА прозорец, против селекцијата на Словачка.

„Победивме на домашен терен, во исклучително тежок натпревар во кој во поголемиот дел бркавме негатива. Сепак, стигнавме до победа против Словачка. Научивме доста од тој натпревар како да пристапиме на следниот дуел. Двете селекции имаат измени од ростерот на тој натпревар. Ние ќе ги немаме Димитријевиќ и Јакимовски, а Словаците ќе сметаат на нивниот најдобар играч Бродзијански. Целиме на една победа, секако дека ќе играме на две победи, но имаме позитивна енергија и греота е да не го искористиме овој позитивен скор од четири победи на стартот“ , појасни Јончевски.

Scroll to Top