Top Sport

Тотенхем сака да го купи голманот на Интер

Голманот на Интер, Андре Онана, е трансферна цел на Тотенхем, откриваат медиумите на Островот. Англискиот премиерлигаш бара замена за својот стартен голман Уго Лорис, кој во тимот е од 2012 година, но во последно време многу греши и нема да биде изненадување доколку замине на лето.

Интер ќе мора да продаде играчи во вредност од околу 62 милиони евра по крајот на сезоната за да ги балансира своите финансии.

Во врска со ова, спортскиот директор на „нероаѕурите“, Пјеро Аусилио, отпатува во Англија за да понуди неколку играчи на клубовите од Премиерлигата.

Покрај Онана, интерес од Островот има и за Дензел Дамфрис. Десниот бек на Интер го бараат Челси, Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Scroll to Top