Top Sport

Јончевски: Да ги победиме Норвешка и Данска

Македонската репрезентација во наредниот период ќе одигра два натпревари во претквалификациите за пласман на Европското првенство. На 10. ноември, во Гевгелија, Македонија ќе ја пречека Норвешка, и три дена подоцна ќе и биде домаќин на Данска.

„И пред почетокот на претквалификациите во плановите беше освојување на првото место бидејќи единствено води во следната фаза, односно во главните квалификации. Отворивме со две победи и си ја олеснивме работата со оглед на тоа што играме на домашен терен. Играме против Норвешка која, исто така, има две победи и тоа со голема разлика. Верувам дека овој натпревар е одлучувачки, не дека нема шанса за поправен. Но треба да го искористиме домашниот терен и да ја потврдиме победата против Данска“, изјави за интернет страницата на МКФ, селекторот Александар Јончевски.

Селекторот Јончевски има и свој коментар за ангажирањето на Американецот Ти-Џеј Шортс.

„Што се однесува до новиот играч во составот, имаше интерес за натурализација и за други кошаркари. Но се одлучивме за Ти Џеј Шортс кој има одлични квалитети на плејмејкерската позиција, а избравме организатор на играта бидејќи нема да сметаме на Димитријевиќ“.

Селекторот за овие натпревари нема да може да смета на Димитријевиќ, Јакимовски и Николов.

„Точно е дека сега сме послаби во однос на августовските натпревари поради неиграњето на Димитријевиќ и Јакимовски кои се стартери. Во следните 2-3 дена Шортс ќе се обиде да се вклопи во тимот и се надевам дека отсуството на двајцата кошаркари ќе го надополнат останатите, како Војдан Стојановски, Магдевски, Мекиќ…“.

Националниот тим за натпреварите ќе се подготвува во Гевгелија, првиот тренинг Јончевски го закажа за вечерва од 18.часот.

Фото/kfsm.mk/

Scroll to Top