Top Sport

Јончевски: Среќен сум што сами си ја завршивме работата

Македонските кошаркари ја остварија планираната цел откако со победата над Норвешка на гости (41:79), и со ефект од пет победи и еден пораз, ги завршија претквалификациите на првата позиција во групата Д. Тие обезбедија место меѓу 32 репрезентации кои од есен ќе почнат битка за местата кои водат на Евробаскет 2025.

Селекторот Александар Јончевски, беше презадоволен од прикажаното на мечот во арената „Нордстранд“ во Осло.

„Морам да напоменам дека нашиот состанок пред овој меч почна додека Данска водеше со шест поени. Но, реков дека тоа нас воопшто нас не нè интересира. Дека сакаме самите да си ја завршиме работата. Сакавме да ја повториме онаа наша добра игра против Норвешка во Гевгелија. И не, никако не бевме обесхрабрени по неуспехот пред некоја вечер во Левице. Пред сѐ, затоа што сепак и против Словачка имавме добра игра, игравме со доста енергија во нападот, креиравме доста отворени шутеви, кои за жал не ги погодивме. Од друга страна, тие погодија доста потешки обиди за три поени, и затоа победија.

Затоа пак мотивацијата на сите нас овде во Осло, беше на ниво, без оглед на тоа што притисокот дополнително се зголеми со драматичната победа на Словачка во Данска. Секако, одговоривме на поставените задачи, посебно во одбрана, би се рекло, и скоро идентично, повторено издание како пред некој месец во Гевгелија“, изјави селекторот Александар Јончевски.

Scroll to Top