Кошаркарите на Индијана Пејсерс ги декласираа ЛА Лејкерс со 136:94 и му го расипаа јубилејот на Леброн Џејмс. „Кралот Џејмс“ стана најмладиот играч во лигата што ја надминал бројката од 32.000 поени во кариерата.
Џејмс до големиот јубилеј стигнал во првото полувреме. На вечната листа на најдобри стрелци во историјата на лигата пред него сега се само Манјкл Џордан, Коби Брајант, Карл Мелоун и Карим-Абдул Џабар.
LeBron TO THE RACK! #LakeShow pic.twitter.com/Hk4C9HG2ch
— NBA (@NBA) February 6, 2019
Леброн нема по добро да се сеќава на овој натпревар. Пејсерс имаа предност од првата до последната минута, а победникот го решија во втората четвртина кога со серија 11:0, создадоа разлика од 22 поени (58:36).
Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ ги предводеше Пејсерс со 24 поени, Мајлс Тарнер уфрли 22, а по 17 поени постигнаа Ерон Холидеј, Едмонд Самер и Домантас Сабонис.
Џејмс натпреварот го заврши со 18 поени, 7 скока и 9 асистенции.