Јуниорската кошаркарска репрезентација доживеа втор пораз во низа на Еуробаскетот У-18, Б-дивизија во Португалија, откако пропуштија да го искористат одличниот старт и на крајот загубија со 77:74 од Австрија.
Македонија имаше предност од 31:16 по одличната прва четвртина, предност која порасна на 17 разлика, но потоа Австрија се врати и намали на 38:33 на полувреме. Во второто полувреме имаше промена на предндоста, за Австрија да израмни на 70:70 на пет минути пред крајот. Во финишот, Австријците беа поконцентрирани за да ја забележат втората победа на првенството.
Избраниците на селекторот, Андреј Апостолски Лекиќ одиграа во променлив ритам, имаше моменти во кои целосно доминираа и се чинеше дека победата е обезбедена, но токму таа некостантност беше причина за да противникот се врати во игра и на крајот се радуваше.
Андреј Шошкиќ беше најефикасниот за Македонија со 27 поени, Иванов и Луканоски имаа по 17, додека за Австрија, Омер Суљановиќ заврши со 26 поени.