Top Sport

Јута го декласира Денвер, Далас „изгоре“ во Феникс

Јута Џез на домашен терен го совлада Денвер Нагетс со резултат 123:102. Тимот кој се очекува да биде на едно од последните места на крајот на сезоната ги посрамоти Нагетс кои по повеќе од една година играа во најсилниот тим со Џамал ​​Мареј и со Мајкл Портер.

Двајцата не се прославија, а Никола Јокиќ беше исклучителен со 27 поени (12/17), четири скока, шест асистенции и три украдени топки за 33 минути на паркетот. Јута набрзо имаше 22 поени предност и Денвер не успеа да се врати.

Кај Јута, се истакнаа Колин Секстон со 20 поени и пет скока и Лаури Марканен со 17 поени, Руди Геј со 16 и Малик Бисли со 15 поени.

Шарлот Хорнетс беа убедливи на гости против Сан Антонио и славеа со 102:129. Тери Розие со 24 поени и Гордон Хејворд со 20 поени беа предводници во триумфот на Шарлот.

Њу Орлеанс Пеликанс исто така победи убедливо (108:130) на гости против Бруклин Нетс. Кевин Дурент беше осамен кај Бруклин иако постигна 32 поени, а кај гостите расположени беа Брендон Инграм со 28 поени и Зион Вилијамсон со 25 поени.

Феникс Санс во интересен натпревар го совладаа Далас Маверикс со 107:105. Девин Букер ги предводеше „сонцата“ со 28 поени, а кај Далас најефикасен беше Лука Дончиќ со 35 кошеви.

Scroll to Top