Кошаркарите на Хјустон Рокитс и Јута Џез ги дели уште една победа до пласманот во полу-финалето во Западната конференција.
Хјустон успеа во Минеаполис да ги победи Тимбервулфс 119:100. Втората четвртина во која играчите на хјустон постигнаа неверојатни 50 поени беше клучна за конечниот триумф.
Екипата од Тексас ја предводеа Џејмс Харден (36 поени) и Крис Пол (25 поени, 6 скока, 6 асистенции и 5 украдени топки).
Најдобри кај Минесота беа Карл-Ентони Таунс (22 поени, 15 скока), Џими Батлер (19 поени, 9 скока) и Дерик Роуз (17 поени).
Јута во четвртиот натпревар ги победи играчите од Оклахома со 113.96. Натпреварот Јута го реши во финишот на втората и почетокот на третата четвртина кога создаде предност од 17 поени.
Донован Мичел постигна 33 поени, а ветеранот Џо Инглс уфрли 20 кошеви. Кај Оклахома најефкасен беше Пол Џорџ со 35 поени, а Расел Вестбрук запиша двоен ефект од 23 поени и 14 скока.
Дуелот во Солт Лејк Сити го обележаа неколку груби дуели, а на три минути до крајот дојде и до физичка пресметка. Џае Краудер го закачи Адамс, потоа се вмешаа Вестбрук и Ентони, а мешаницата кулминираше кога Вестбрук го удри Краудер.
Судиите решија да го исклучат Краудер, а на Вестбрук му доделија само лична грешка.