Top Sport

Јута победи во Денвер, трипл-дабал на Јокиќ – Вориорс без Кари декласирани од Минесота

Трипл-даблот на Никола Јокиќ не успеа да го спречи убедливиот пораз на Денвер од Јута. Џезерите, во Денвер, славеа победа 125:102.

Актуелниот МВП, Јокиќ, доминираше во дуелот со најдобриот дефанзивец во лигата, Руди Гобер. Јокиќ за 30.минути го забележа 66.трипл-дабл во кариерата (25 поени, 15 скока, 14 асистенции). Центарот на Денвер го престигна Џејмс Харден на вечната листа.

Јокиќ со помош на Арон Гордон го држеше Денвер во игра се до почетокот на последната четвртина. Јута тогаш направи серија од 11:0 и на крајот дојде до убедлива победа.

Јута со тимска игра славеше во Денвер, шестмина играчи постигнаа двоцифрен број на поени. Донован Мичел беше најефикасен со 31 поен.

Голден стејт Вориорс, без Стеф Кари, доживеаја тежок пораз од Минесота (99:119). Минесота, последните 16 минути од натпреварот ги добија со 41:19.

Карл-Ентони Таунс со 26 поени и 11 скока беше најефикасниот играч на теренот.

Scroll to Top