Top Sport

Осака и Бенчиќ лесно до втората рунда

Бранителката на трофејот на Австралија опен, Наоми Осака и олимписката шампионка, Белинда Бенчиќ, успешно го минаа првото коло на турнирот.

Актуелната шампионка, Осака, за 70 минути игра ја победи Марија Камила Осорио Серано од Колумбија. Осака славеше победа 6/3, 6/3. Првиот сет го реши експресно откако лесно дојде до 5:1, во вториот најпрвин спаси две брејк топки, а потоа лесно се справи со противничката.

Осака во второто коло ќе игра против Дајана Јастремска или Медисон Бренгл.

Гем повеќе од Осака, на патот до второто коло загуби Швајцарката Бенчиќ. Таа славеше победа 6/4, 6/3 против ветеранката од Франција, Кристина Младеновиќ.

Scroll to Top