Челниците на Бруклин Нетс го губат трпението со Кајри Ирвинг. Еден од лидерите на тимот, одбива да се вакцинира против коронавирусот, што значи дека ќе пропушти половина од натпреварите во сезоната.
Ирвинг, одбива да се вакцинира и покрај разговорите со медицинските лица. Доколку остане при оваа одлука, Ирвинг за Нетс, во новата сезона, би можел да настапува само на гостинските натпревари и тоа онаму каде што е дозволено да биде присутен како невакциниран граѓанин.
ЕСПН пишува дека челниците на франшизата го загубиле трпението и дека не е исклучено да ги разгледаат опциите за трајд.
Инаку, Ирвинг, за секој пропуштен натпревар ќе остане без 380.000 долари.
Бруклин Нетс со Кевин Дурент, Џејмс Харден и Кајри Ирвинг се меѓу топ фаворитите за титулата во НБА лигата.