По долго одложување, кошаркарот на Бруклин, Кајри Ирвинг му се извини на еврејскиот народ за неговите неодамнешни постапки.
Минатиот месец, Ирвинг сподели линк до филмот „Евреи до црнци: Разбуди се, црна Америка!“. Филмот е квалификуван антисемитски, што членот на „Нетс“ не сакаше да го прифати долго време и покрај бројните критики.
Потоа следеше суспензија, а потоа и разговори со комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, што резултираше со извинување од искусниот кошаркар при интервју за „Спортснет Њујорк“.
Kyrie Irving issues an apology:
(@SNYtv )
— NBACentral (@TheNBACentral) November 19, 2022
„Не сум антисемитист. Никогаш не сум бил таков. Во срцето немам омраза кон еврејскиот народ. Изминатиот период ми беше исклучително тежок. Знам кој сум и што претставувам, но во изминатиот период ми беше тешко да се изразам. Јас сум ничиј идол, само сум човек кој сака да инспирира промени. За да го направам тоа треба да бидам подобар пример за младите. Би сакал длабоко да се извинам за се што се случи од тој пост“, изјави Ирвинг.
Веројатно ова ќе биде крај на сагата и Ирвинг ќе се врати во тимот, се очекува веќе на следниот натпревар против Феникс.