Top Sport

Калатес се договорил со Барселона

Грчкиот репрезентативец Ник Калатес од наредната сезона ќе го носи дресот на Барселона, објавија „Јурохупс“ и „Спорт24“.

Според овие извори еден од најдобрите плејмејкери во Европа од Барселона ќе добие 5,5 милиони евра за три сезони.

Понатаму во текстот се наведува дека Калатес и Панатинаикос спогодбено ќе го раскинат дооворот и дека наскоро во слична ситуација ќе биде и бекот-шутер Џимер Фредет кој исто така ќе замине од Атина.

Калатес има 31 година, роден е во американската сојузна држава Флорида. Тој е најдобриот асистент во Евролигата со 9,11 асистенции по натпревар, а во просек постигнува по 16,55 поени.

Scroll to Top