Top Sport

Кампацо доаѓа во Црвена звезда

Кошаркарот на Црвена звезда, Лука Вилдоса го најави доаѓањето на неговиот сонародник, Факундо Кампацо во Белград. Плејмејкерот на црвено-белите на својот Инстаграм профил објави фотомонтажа со Кампацо до него во клупската униформа.

Оваа објава на Вилдоса, само го потврди пишувањето на шпанска „Марка“, која претходно го официјализираше овој трансфер и со тоа ги демантираше пишувањата на другите медиуми од Пиринејскиот полуостров, кои објавија дека во трката се вклучил и Олимпијакос.

Поточно, тимот од Пиреја навистина испрати понуда, но таа не била доволна за да го премисли поранешниот играч на Далас.

Ако им се верува на претходните изјави на грчкиот новинар на „Јурохупс“ Арис Баркас, Кампацо ќе потпише двегодишен договор вреден 1,8+2,5 милиони евра нето, со опција да не го продолжи договорот.

Во текот на кариерата настапуваше за Пењарол, од каде во 2014 година пристигна во Реал, со кој освои две Евролиги. Потоа реши да замина во НБА лигата, каде не успеа да се наметне најпрвин во Денвер Нагетс, а потоа и во Далсс Маверикс.

 

Scroll to Top