Аргентинскиот кошаркар Факундо Кампацо сака да остане во НБА. „Марка“ пишува дека Реал Мадрид преодниот рок би можел да го заврши со четири засилувања – Џанан Муса, Петр Корнелиус, Марио Хезоња и Серхио Родригез.
Аргентинскиот плејмејкер и некогашен играч на Реал, Факундо Кампацо сепак нема намера да се врати во Европа, сака да игра и да се докаже во НБА лигата.
Кампацо е слободен играч откако му истече договорот со Денвер Нагетс.
Аргентинецот со Реал два пати беше европски првак, три пати ја освои титулата во Шпанија. Беше МВП на финалната серија во шпанската лига во 2019 година. Со Аргентина има сребрен медал од СП во 2019 година.