Top Sport

Канаѓаните го исфрлија светскиот првак Шпанија од Мундобаскетот

Кошаркарите на Канада ја совладаа Шпанија со 88:85 и се пласираа во четврт-финалето на Мундобаскетот како победници од групата Л. Заедно со нив од второто место продолжува и Летонија.

Светот за седум дена ќе добие нов шампион, бидејќи Шпанија веќе не може да ја брани круната.

Канада дојде овде како еден од фаворитите за титулата, пред неколку дена доживеа шок против Бразил, денеска беше на прагот на елиминација, но низ вистинска драма успеа да најде начин да дојде до победа и до прво место во групата, бидејќи има подобар меѓусебен скор од Летонија.

На крајот, поразот од Летонците скапо ги чинеше Шпанците.

Канада во четвртфиналето ќе игра против Словенија, а Летонија ќе се соочи со Германија.

 

 

Scroll to Top