Top Sport

Никола Ѓоргиев: Сега почнува ‘главното’ на Европското првенство

Одбојкарската репрезентација на Македонија направи голем успех со втората победа на Европското првенство. Безмалку е обезбеден пласман во осминафиналето, голем успех за нашиот национален тим, кој Никола Ѓорѓиев и соиграчите го прославија во голем стил, пеејќи ја македонската химна со сите присутни во СЦ „Борис Трајковски“.

„Многу работевме со селекторт, се ‘утепавме’ цело лето и драго ми е дека испишавме историја. Секако дека сум горд на овие момци, беа фантастични. Повторно покажаа дух, срце, ова е тој македонски менталитет. Ние никогаш не се откажуваме. Секогаш го даваме максимумот. Две победи, тоа е она што го посакувавме, но морам да кажам, за мене сега почнува првенството. Оваа репрезентација на Македонија може и повеќе, зошто да не бидеме трети или втори во групата, па да ја избегнеме Италија во осминафиналето. Можеме да парираме против Холандија и против Чешка“, изјави капитенот Никола Ѓорѓиев.

Вечерва македонскиот национален тим ќе игра против првиот фаворит во групата, селекцијата на Полска.

Scroll to Top