Top Sport

Канаѓаните со лекција за кошарка за очајните Французи

Канада ја декласираше Франција со 95:65 (14:18, 29:22, 25:8, 27:17) во фантастичното второ полувреме во спектакуларниот последен меч од првиот ден на Светското првенство во Јапонија, Филипини и Индонезија.

Дуелот се најавуваше како пресметка на две репрезентации кои се во игра за медал на Мундобаскетот и по релативно израмнетото прво полувреме, Канада „експлодираше“ во второто и им нанесе тежок пораз на „триколорите“, кои сега ќе мораат да бркаат победа во второто коло против Летонија, за да избегнат елиминација.

Во првот полувреме се играше атрактивно и со повеќе пресврти, за Французите да дојдат до рано водство, за потоа Канаѓаните да успеат да израмнат и да се вратат во водство на полувреме. Во второто полувреме експлодираше Никејл Александер-Вокер, за кого Французите немаа одговор и кој заврши со 27 поени и 13 асистенции како најефикасен кај Канада покрај Кени Олиник со 18 поени.
Кај Французите, Еван Фурние заврши со 21 поен, но само 2 во второто полувреме, додека Матијас Лесор имаше 12 поени.

Scroll to Top