Кошаркарите на Филаделфија со божиќната победа во Њујорк 105:98 ја прекинаа низата од пет порази. Мечот го обележа центарот на Њујорк, Енес Кантер.
Исклучително израмнетиот натпревар во „Медисон Сквер Грден“, Филаделфија го реши во последните пет минути кога со трпелив напад ги казни сите грешки на Никси.
На Њујорк не му помогна ниту доминантна игра на турскиот центар Енес Кантер, кој стана првиот играч по Мозес Мелоун од 1986 година, која на натпревар одигран за Божиќ забележал најмалку 20 поени и скокови.
Кантер кој доминираше под обрачите натпреварот го заврши со 31 поен и 22 скока.
Одличен меч одигра и опонентот на Кантер од Филаделфија, Џоел Ембид кој во својот прв натпревар во Њујорк имаше учинок од 25 поени и 16 скока. Блескаше кај победникот и ветеранот Џеј Џеј Редик со 24 поени.