Турската НБА ѕвезда, Енес Кантер уште еднаш „удри“ по „Најк“ и по нивната суперѕвезда Леброн Џејмс, велејќи дека „кралот“ на НБА кошарката ги ставил парите пред моралот откако остана тивок за сите обвинувања кон Кина.
Центарот на Бостон селтикс, честопати ја критикува американската компанија за своите фабрики во Кина, каде што според него има „робовладетелство“, а сега го нападна и Џејмс, кој иако е подготвен да зборува за неправдите кон Афро-Американците во САД и други социјални прашања, кога се работи за Кина, молчи бидејќи парите доаѓаат од таму.
„Парите пред моралот за ‘кралот’. Тажно е и одвратно како овие спортисти се преправаат дека се грижат за социјалнта правда. Кога големиот шеф (Кина) ќе каже, тие навистина ‘молчат и дриблаат’. Дали тој се едуцираше за робовите кои ги прават неговите патики, или тоа не е дел од твоето истражување“, пишува Кантер на Твитер.
Money over Morals for the “King” ?
Sad & disgusting how these athletes pretend they care about social justice
They really do “shut up & dribble” when Big Boss ?? says so
Did you educate yourself about the slave labor that made your shoes or is that not part of your research? pic.twitter.com/YUA8rGYeoZ
— Enes Kanter (@EnesKanter) November 18, 2021